Често Поставувани Прашања
ДОСТАВА
Колку долго трае процесот на достава од нарачување до достава до дома?
Нарачките се процесираат во рок од 48 часа од моментот кога ја правите Вашата нарачка. По 24 часа, ќе бидете контактирани од нашите соработници од Карго Експрес, како би им дале насоки во кој период од денот и каде сакате да ви биде доставена нарачката.
Испораката се врши низ сите градови во земјата.
Карго Експрес прави три обиди за да ви ја достави нарачката. Доколку не успеат да ве добијат, нарачката стои во нивното претставниште во градот од 5 до 7 дена, во кои тие повторно ќе се обидат да ве добијат за да ја достават вашата нарачка.
Дали доставувате и во други земји?
Во моментов, доставата се прави само на територијата на Република Северна Македонија.
НАРАЧКИ
Плаќање и ДДВ
За сите нарачки, плаќањето се прави во денари. Цените прикажани на веб страницата се со вклучен ДДВ.
Како да проверам до кој стадиум е нарачката?
Во секое време за нарачките кои ги имате направено можете да не контактирате на е-меил адресата info@nior.mk, од каде тимот на Nior ќе биде среќен да ви помогне. По завршување на нарачката и успешна наплата, на вашиот меил ќе пристигне потврдна порака и ќе продолжиме со процесирање и достава до адресата која вие ќе ја означите.
Како да ја променам или откажам мојата нарачка?
Доколку вашата нарачка сеуште не е пратена за испорака, можеме да ја промениме, откажеме, да смениме информации за достава. Контактирајте не на е-меил адреса: info@nior.mk од понеделник до петок во работно време од 9 до 17 часот.
ПРОДУКТИ
Како се нанесуваат кремите на Nior London?
Сите Ниор продукти се внимателно дизајнирани за да ви обезбедат максимално олеснување и апсорбција на нашата формула во кожата. Затоа ќе откриете дека секој еден од производите на Ниор ке се впие убаво во вашата кожа. За подетални информации и инструкции и честа употреба или олеснителна апликација ве молиме да се прочита упатството на продуктот кој доаѓа заедно со вашата Ниор крема, или на нашата Веб страницата каде можете да ги најдете саканите информации за продуктите.
Дали може да се употребуваат Nior London кремите после операции?
Сите Nior продукти се погодни за употреба на целосно заздравени лузни избегнувајќи директен контакт со очите, мукозни мембрани и отворени рани. Исто така доколку се јави иритација тогаш ве советуваме веднаш да прекинете со употребата на продуктот и да побарате медицинска нега.
Колку долго може да се чува продуктот?
Препорачаниот рок на траење на секој Nior London производ е 36 месеци, кој ке биде намален на 12месеци откако ќе биде отворен производот за употреба. За одредени продукти поради нивото на потентни и високо активни состојки, со текот на времето се очекува некоја дисколорација. Сепак ве молиме да бидете сигурни дека ова нема да влијае на рокот на производот ниту резултатите кои ги испорачуваат.
Дали Nior продуктите се тестирани на животни?
Nior London со задоволство ве информира дека Nior производите не биле, или некогаш ќе бидат тестирани на животни. Тестирање на готови козметички производи врз животните е забрането во ЕУ од 2004 година и тестирањето на сите козметички суровини врз животните од 2009 година. Затоа, се разбира, сите наши производи за нега на кожата на Nior London се во согласност со овој задолжителен услов.
Каде се направени Nior продуктите?
Nior London со гордост објавува дека сите производи за нега на кожа се произведени во Велика Британија, заедно со тимот на хемиски експерти и истражувачи во една од водечките лабаратории во Европа кои поседуваат GMP сертификати и одобрување од MHRA.
Дали некој од продуктите содржи конзерванси?
Поради максималното ниво на моќните активни состојки кои и овозможуваат на вашата #Nior формула да ги исполни резултатите кои ги тврди, секој производ е внимателно дизајниран за да се осигура и да е безбеден како и да се чува на оптимално ниво.Како резултат ќе најдете дека Nior London продуктите и нивната палета на производи ги вклучува конзервансите кои се законски услов за сите козметички производи со повеќекратна употреба како и нашите формули за да го поминат тестот за зачувување на конзервансот.
Дали Nior продуктите се органски/ направени од органски состојки?
Со нашиот примарен фокус на резултатите, не секогаш ни се изводлив извор и употребата на органските состојки во нашата Nior London формула. Со тоа што сме бренд со интегритет и секогаш се трудиме да сториме сé што е во наша моќ да откриеме начини да биде тоа изведено а без да се одвратиме од нашата цел.
Дали нудите тестери?
За жал, не нудиме тестери од нашите продукти. Но доколку потрошувачите купат еден или повќе продукти и би сакале да пробаат друга крема ве замолуваме да ни испратите email на infо@nior.mk да не известите која крема би сакале да ја пробате и ќе се погрижиме да ви вклучиме тестер од саканата крема во вашата нарачка.
Вашиот Nior профил
Како можам да ја ажурирам мојата адреса?
Доколку сакате да ги ажурирате вашите Ниор детали ве молам вклучете се на вашата адреса користејки го “ЛОГИРАЈ СЕ“ копчето кое е лоцирано на горниот десен агол на почетната страна на ниор.лондон . Одкако ќе го завршите ова едноставно само селектирајте го “Преглед на Адреси“ делот кој ќе го најдете под вашата земја на престој , движете се надоле до “уредување/бришење“ каде што ќе можете да ги измените вашите податоци за контакт и адреса.
Заборавена лознинка?
Користејќи го “логирај се ““ копчето кое е лоцирано на горниот десен агол на почетната страна на ниор.лондон, само внесете ја вашата адреса на е-пошта со која се имате регистрирано кај нас и откако ќе ја селектирате “заборавена лозинка“(која е лоцирана над копчето за регистрација). Откако ќе го изберете копчето за поднесување ке биде испратена е-пошта на вашата адреса со инструкции за ресетирање на вашата лозинка. Ве молиме проверете ја вашата “спам/отпадоци“ папка каде многу често знаат да завршат нашите е-пошти тука!
Како можам да ја видам мојата историја на нарачки?
За да ги видите вашите предходни нарачки ве молиме логирајте се на вашата адреса со притискање на “ЛОГИРАЈ СЕ“ копчето кое е лоцирано на горниот десен агол на почетната страна на ниор.лондон. Откако успешно ќе го завршите тој дел ќе ви се појават вашите претходни онлајн нарачки кои ќе бидат прикажани под “историја на нарачки“ многу битно е да се логирате на вашата адреса во делот на фазата на одјава при завршувањето на трансакцијата дури иако сте го сториле тоа предходно.





