REGESTRIL™
Клинички докажан ефект во заздравување на раните и кожата со 2% инклузионо ниво; вклучувајќи и подобрување на изгледот на бојата (-27,7%), олеснување (-21,9%), затегнатост (-26,7%), длабочина на стрии (-72,5%) и дебелина на кожа (+10,8%). Антагонистични (ги спречува) делува спрема деструктивните ефекти на протеолитичките ензими и активираните инфламаторни клетки, одговорни за деградација на ткивото. Го спречува и намалува создавањето на стрии преку таргетирано забавување на деградацијата и стимулација на обновување на екстрацелуларниот матрикс. Покажува значителна ефикасност во третманот на стрии за време од два месеци терапија, правејќи ги стриите избледени и кожата далеку помазна.
Inci name
Палмитоил Олигопептид, Палмитоил Трипептид-3, Phaseolus lunatus Екстракт
Regu®-Fade
Клинички докажан во намалувањето на видливоста на старечките дамки и создава видливо посветол изглед на кожата за време од две недели терапија. Резултатите покажуваат дека овие состојки имаат интензивно и брзо дејство. Го намалува создавањето на меланин кој предизвикува пигментација на кожата. Покажува anti-age особини. Дава поизедначен тон на кожата. Објавените резултати покажуваат намалување во претварањето на тирозин во еумеланин и феомеланин во различни фази од метаболизмот.
Inci name
Ресвератрол
Regu®-Fade is a registered trademark of DSM.
REGU®-STRETCH
Клинички докажан во намалувањето на изгледот и обновата на лузните и кожата со 3% инклузионо ниво. Ја штини и спречува кожата од структурни оштетувања. Го намалува воспалението на кожата. Уникатна мешавина која ја штити структурата на кожата од деградација.
Го стимулира одновувањето на стриите и разни видови на лузни преку поттикнување на синтезата на колаген. Ја хидрира и измазнува кожата и ја подобрува цврстината и еластичноста.
Inci name
Вода, Глицерин, Палмитоил Трипептид-5, Пантенол, Marrubium vulgare Екстракт
Regu®-Stretch is a registered trademark of DSM.
REVINAGE®
Клинички докажан ефект во намалувањето на брчките, ретинол-слични антиоксидантни ефекти и тиросинаса инхибитор. Покажува anti-age ефекти преку зголемување на нивото на колаген и еластин во кожата за да даде забележително намалување во длабочината на брчките и фините линии. Ја подобрува текстурата, изедначеноста и блескавоста на тонот на кожата. Ја обновува цврстината на возрасната кожа. Забележително ја намалува видливоста на UV дамките со тек на време. Го одржува интегритетот на ДНА. Дава антивоспалителни ефекти. Промовира значителен осветлувачки ефекти преку намалување на синтезата на меланин и нивото на α-MSH.
Inci name
Bidens pilosa Екстракт, Elais guineensis масло, Gossypium herbaceum масло, Linum usitatissimum масло