Нашата Приказна
Здраво и добредојде на страницата на Nior London,
Како дете, како и повеќето, ја замислував и доживував кожата без шминкање, се додека не ги достигнав моите тинејџерски години. Но, наместо да се соочувам со акни како и многумина од моите врсници, се соочив со нешто многу мистериозно и сосема посложено. Состојбата на кожата која очајно посакував да е миновна, се покажа дека е трајна, оставајќи го моето тело уништено и мојата самодоверба ранета.
Прескокнувајќи од еден на друг неуспешен “крем за чудо”, медицински интервенции, како и различни природни лекови, ниту еден не вроди со нешто повеќе од надеж. Познати марки, ветувајќи дека ќе постигнам чудо, ме остави само разочарана, но истовремено ме предизвика.

Сигурно постои нешто што би можела да направам како би ги ублажила овие остатоци?
Па така, заедно со експертски тим на хемичари и истражувачи, започнав детално истражување, развој на производи и тестирање за да создадам нешто навистина уникатно: формули и препарати кои навистина работат и ќе помогнат. Како ќерка на фармацевт и претприемач, татко ми исто така беше голема поддршка и инструмент за мојата желба. Не само за знаењето што го сподели со мене, туку и ми ја покажа моќта на напорна работа. Со неговата поддршка, експертизата на мојот тим и мојата сопствена определба ги постигнавме резултатите што ги посакував.
Така, од моите несовршености се роди нешто извонредно. Револуционерен асортиман на производи, кој изобилува со активни состојки кои ги испорачуваат резултатите што ги ветуваат.
Во создавањето на секојод препаратите, не само што работев да развијам нешто за себе, туку и за жените насекаде во светот, со слични грижи за кожата. Истовремено, стремев кон тоа да им помогнам и на другите деца кои, од која било причина, изгубиле дел од нивното детство.

Поради тоа, ние сме пресреќни што можеме да донираме 5% од добивката од секој производ од Nior London продаден на првата детска добротворна организација на Велика Британија - Coram.
Мојата приказна со предизвиците кои ми ги приреди мојата кожа беше едно од неодговорените прашања, нешто што ја предизвика мојата љубопитност и на крајот, ми даде визија за изнаоѓање на мојата цел. Патување кое беше трансформативно и со длабока намена, да можам да го исполнам мојот сон.
Имајќи го предвид се она што го споделив со вас, оваа палета на производи може да има само едно име, и тоа 'Nior' – што е мешавина на ерменски и шведски, што значи 'облак девет', кое ја рефлектира среќата која ја пронајдов на патот кон создавање на целата палета на производи
Се надевам дека уникатната комбинација на страст и наука во секој од нашите производи од Nior London ќе може да направи разлика во Вашиот живот, на ист начин како што тоа го направија за мене.




