Полиса за приватност
Ние сме посветени на заштита и почитување на вашата приватност. Оваа политика за приватност дава објаснување за видот на личните информации што ги собираме, начинот на кој се користи, со кого се дели и како ги заштитуваме информациите.
Оваа политика (заедно со нашите услови за користење и сите други документи како што се наведени овде) обезбедуваат основа за начинот на кој сите лични информации што ги собираме од вас, или пак информациите кои ги доставувате, ќе бидат обработени од наша страна. Ве молиме, внимателно прочитајте ги следниве информации за да ги разберете нашите ставови и практики во врска со вашите лични податоци и како ќе ги процесираме и чуваме. По пристапот до оваа веб-страница, www.nior.mk, Вие прифаќате и се согласувате со практиките опишани во оваа политика.
Заштита на личните податоци на корисниците на картички
Nior ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Nior не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
Заштита на доверливите податоци и информации
Nior ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Nior користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://www.nior.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Nior во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.